Header Ads

(Видео) Погледнете го спотот за песната „Прости ми мајко“ на Влатко Алексовски!

Влатко Алексовски после дуетите со својата колешка Благица Павловска – „Дома ми е најубаво“ и „Моето срце чука за тебе“, го претстави и спотот за својата најнова песна „Прости ми мајко“, со која го најави својот нов албум кој треба да излезе наскоро на музичкиот пазар.

Видеото кое изобилува со прекрасни кадри кои ја истакнуваат македонската убавина и ја доловуваат и темата на песната, е снимено на одбрани локации во комплексот „Свети Јован Канео“ во Охрид, во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Кучково, како и на аеродромот Александар Велики во Скопје, во кој специјални гости беа познатите македонски актери Гоце Тодоровски,Ванчо Петрушевски, Владе Дојчиновски и Дубравка Киселички.
Песната е дело на  Љупче Соколовски - музика и аранжман, додека пак текстот е на Орце Зафировски, а видеото го реализираше In Produkcija од Австралија.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.