(Интервју) Џесика Палашоска:„Очекувајте го неочекуваното од мене“
Џесика Палашоска е една од најзгодните македонски пејачки,
која ексклузивно ни даде искрено интервју од кое ќе дознаете многу интересни
факти од нејзиниот личен и професионален живот. Имено, во него ќе откриете
доста детали во однос на тоа како ја започнала својата музичка кариера, дали
била скептична во врска со успехот на песната која ја издигна во најбараните
пејачки – „Dirty Dancing“, дали подготвува нови музички проекти , како и уште
многу други информации само ако го прочитате целото интервју.
Здраво Џесика. Најпрвин ќе ни раскажеш ли кој ти подаде
рака за да започнеш професионално да се занимаваш со музика?
Со оглед на тоа
што од малечка пеев во хорот на "Орфеј" мојот водич беше професорката
Офелија Митреска поздрав до неа, таа беше првиот иницијатор да започнам
професионално да градам сопствена кариера. Ја послушав и не згрешив.
Оваа година ја започна со две големи турнеи – во
Австралија и Канада. Како ти помина турнејата во Канада?
Точно така одлично ми започна оваа година. Турнеата во
Канада беше супер, имавме доста посетеност на концертите и одлично поминато
време со колегите и менаџерот.
Со твоите колеги Татјана и Спасен беше во Австралија.
Колку концерти одржавте таму?
Точно така во Австралија одржавме 7 прекрасни и
незаборавни концерти.
Имаш изнесено концерти и низ многу градови во Европа.
Која е разликата да се настапува на домашен терен, а која надвор од Македонија?
Никогаш не сум правела поделби на публиката. Mоите обожаватели
се единствени, без разлика каде се наоѓаат јас постојам благодарение на нив. Но,
веројатно поради самата далечина некако потопло не пречекуваат надвор од
границите на нашата држава.
Има ли најлуда работа која си ја направила за бакшиш?
Не сум направила ништо спектакуларно, но за добар бакшиш
сум читала текст од песна од телефон бидејќи не ја знаев.
Како ги коментираш тврдењата на некои твои колеги, кои
според нив имаат тотална посетеност на нивните настапи, а податоците зборуваат
сосема нешто друго?
Не би коментирала колеги секој за себе. Но, ова е 21 век
и апсурдно е да лажете во векот на фб, инстаграм итн.. каде секојдневно имаме
достапност до случувања во целиот свет.
Неодамна излезе и видеоспотот за твојата најнова народна
песна „Една е Македонија“ која
предизвика лавина од позитивни коментари, и каде што имавме прилика да те
видиме и со изменет стајлинг. Каде е снимено видеото за песната?
Точно така "Една е Македонија" ја одбележа и
мојата турнеа во Австралија. Видеото е снимено на неколку локации во Манастирот
св. “Јован Бигорски” и Галичник.
Зошто песната „Печалбарска солза“ ја остави само со тв – верзија? Со кои автори соработуваше овој пат?
Имам и други песни кои немаат видео запис, едноставно
сметам дека доволно е и тв верзија. Песната е на Орце Стевкоски музика и текст,
aранжман Никола Кочанкоски.
Издаде и нов албум кој претставува еден микс на сите твои
најдобри песни низ годините, во кој ги вклучи и двете нови песни. Подготвуваш
ли можеби албум кој ќе биде само со народни песни?
Не верувам за скоро.
Да очекуваат ли твоите фанови ново попфолк парче ова лето
од тебе?
Да се надеваме и јас сакам да ги израдувам моите фанови.
Кој се грижи за твојот стајлинг, затоа што навистина
изгледаш феноменално.
Ви благодарам. Имам мој тим од вистински професионалци
кој често се грижи за мене: Фризерско студио Кики, make up. Belleza, Marga и
Зоран Шурбевски. Често соработувам со дизајнерот Златко Јованоски JZJ. А, често
знам и сама да се погрижам за гардероба, затоа што пратам доста трендови. Ова е
тимот на кој потполно му верувам, а резултатот е потврден.
Спортуваш ли често?
Спортувам и секој ден поминувам по 2 часа во теретана.
Моето мото е: "Во здраво тело, здрав дух "
Дали имаш планови
за иднината или му веруваш на максимата "животот е сега, а не некогаш,
кога ..."
Тие што ме познаваат ме знаат, по тоа што ништо не
оставам на случајноста, така што секогаш имам план б, а некогаш и ц.
Мислиш дека се промени покрај славата, за толку години додека
си на музичката сцена?
Мислам за тоа треба да ги прашате моите долгогодишни
пријатели, бидејќи јас не сакам да зборувам за себе. Но не верувам, можеби само
сум позрела од порано.
Како реагираш кога низ интернет просторот се шират лажни
вести за тебе?
Не реагирам, се смеам. Ова е шоу бизнис, не очекувам сите
да ме сакаат, ниту пак да се пишуваат само убави работи за мене. Ги почитувам
сите новинари и нивната работа.
Имаш прошетано и во Дубаи, Малдивите.... а, на чии места
сними и фотосесии. Да очекуваме ли можеби еден ден од тебе, видеоспот снимен на
такви луксузни места? Да не заборавиме дека песната „Dirty Dancing“ ти е
видеореализирана во Барселона (Шпанија).
Веќе снимив една песна која ми донесе доста популарност,
доста гледаност и две турнеи. Не гледам зошто не би снимила и друга. Имам доста
планови кои се надевам ќе се реализираат за скоро.Очекувајте го неочекуваното
од мене.
Песната „Готово е“ ја определуваат како твоја визит
карта, која се претвори во голем хит. Подготвуваш ли нешто во тој стил
повторно?
Не верувам за брзо време.
Баладите не се многу присутни на музичката македонска
естрада, но дали ете ти би снимила таква песна?
Подготвувам балада, но не за скоро сигурно, бидејќи е
лето и мислам време е за нешто во брз ритам.
За крај, која е твојата порака за сите читатели на
Estrada World?
Сакајте се и живејте го животот со позитивна мисла и
енергија. И слушајте Македонска музика.
Интервју:Наташа Секуловска
Mojata prikazna e verojatno tipična, no najdov rešenie za rešavanje na mojata vrska kriza. Mojot soprug padna vo afera so druga žena na rabota i me ostavi.
ReplyDeleteJas ja dobiv programata za kaenje na brak so duhoven otec, mentor i iscelitel. nekolku dena po ručekot na pravopisot,
Toj možeše da go vrati mojot soprug do mene, toa beše iznenaduvanje za mene, duri ne možam da objasnam kako seto toa se sluči,
toa funkcionira kako što mi veti.
Mojot soprug beše prvobitnata, no mojot soprug Anderson se vraḱaše doma za da se izvini i pobara od mojata proška, denes sme posreḱni od koga i da e porano, rabotite stanuvaat sè podobra, interesna i slatka.
Ne možev da go storam toa bez pomoš na ovaa Baba. Jas ḱe se otkažav i veruvav deka zatoa što mojot soprug se videl nekoj drug, togaš reče deka sme gotovi. Po lansiranjeto na Ljubovta magija, mojot soprug me vikaat na mobilen telefon i toj se vrati doma eden den potoa.
Blagodaren sum, mu preporačuvam na sekoj što ima problemi so brakot ili vrskite za rešavanje na problemot denes brzo da se konsultira so ovoj duhoven ritam za da se vrati poranešnata ljubov, ve molime nema potreba da se dvoumete da ispratite e-mail poraka dr.oduduwaspellcaster@gmail.com
Tel: +13019658857.
Denes site vaši griži ḱe bidat završeni. ova e moḱna namera koja tolku mnogu veruvam deka ḱe mu pomogne na nekoj tuka, bidejḱi veruvajte mi znam kako se čuvstvuva.
* Ljubov magii Win-Back eks ljubovnik
* Uspeh i promocija magija magija
* sreḱen šarm - BIZNIS STAR
* oddelenija - ZAŠTITNA KUKA
* prokletstvo rezolucija
* duhovno čistenje
* magija na plodnosta - FRUTI NA ŽENITE
* dekret za magija, SPELL LOTTERY & WIN-GAMES SPELL