Ексклузивно: Марија откри дека има нова врска!
Бугарската ѕвезда на телевизија „Планета“ – Марија, која иако реди успех зад успех, последно со
најновата песна „Червеният картон“ која преку ноќ се претвори во вистинска сензација и е снимена
во Италија, сепак совладува тежок период во приватниот живот.
Како што соопшти
таа пред неколку дена во емисијата „На кафе“ при Нова Тв, неодамна се раздели
со својот втор сопруг Христијан Гущеров и ексклузивно откри пред гледачите дека
таа самата ја донесла одлуката да се разведат.
"Многу се шпекулира со тоа дека тој ги поднел
документи за развод, што нема никаква врска со реалноста. Тие платени корици мене ми се многу ниска топка, дури нема да ги коментирам.
Јас го зедов тоа решение, ние уште немаме развод, но се надевам дека наскоро ќе
имаме, многу се надевам "- појасни таа.
Марија исто така посочи дека во моментов и покрај сѐ се
чувствува среќна и има човек до себе си, а дали ќе прави и трета свадба сподели:
"Немам ништо против овие убави моменти. Далеку сум од помислата дека не
може да ми се случи повторно. Дојде нешто ново! Да , навистина. Ова му дава
друга енергија, друг начин на кој надминуваш сè околу себе, кога имаш поддршка
и некој кој те прави среќен. Јас си сонував за овој момент многу долго време -
цело време во кое ми се наложуваше да ги голтам сите оние моменти со грди натписи, навреди и
слично, го сонував и се гледав позитивно на она што допрва ми претстои, најмногу поради
Мараја, потоа заради самата мене, и можеби го испровоцирах ".
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments