(Видео) Елена и Сања го промовираа својот дует “Сестра“
Елена Јовческа и Сања Ристеска го промовираа својот
дует „Сестра“.
Песната е по музика и текст на самата Елена, додека пак аранжманот
го изработи Николче Кочанковски. Видеото кое го реализираше Ин продукција е
снимено во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.
„Станува збор за дует - песна заедно со Сања Ристеска. Ние
долго време се дружиме заедно, па дојдов до идеја да напишам една убава песна, за која што мислам дека долго време досега нема женски дует излезено. Се надевам дека
ќе им се допадне на слушателите“ – сподели Елена за ИН ТВ.
Додека пак нејзината колешка Сања додаде:
„Имавме многу добри снимки, се надеваме дека публиката
многу добро ќе ја прифати песната. Не можам да кажам дека еден спот не е
напорен, кој не пробал, не знае. Сепак се исплати.“
Автор - Наташа Секуловска
No comments