Екслузивно: Преслушајте го новиот албум на Маја Беровиќ!
Маја Беровиќ денес го претстави својот најнов музички
албум “Viktorijina Tajna”,
кој со самата појава веднаш го привлече вниманието на публиката.
Тој содржи девет нови песни од кои осум се чисто нови
песни, а песната “To me radi” беше
претставена минатото лето и која досега има на YouTube преку
42.000.000 милиони прегледи. Песните се дело на Буба Корели и Јала Брат, кои се
погрижија овој албум да биде нешто различно и досега невидено од сексапилната
ѕвезда.
„Драги мои, пред вас је
мојот нов шестти по ред студсики албум „Викторијина тајна“! Верувам дека ќе ви
се допадне и ќе уживате додека го слушате она на што моите соработници и јас
сме работеле толку долго. Фала многу на сите кои учествуваа во создавањето на
овој албум. Најмногу благодарам до моите приајтели Јала и Буби и нивниот тим
Империја кои ги направија овие феноменални песни, кои од прво слушање ги
засакав бидејќи се различни од се што досега сум снимала. Голема благодарност и
до мојот драг Дејан Миличевиќ за феноменалните тв-верзии, Марко Вулевичу за
фотографиите, мојата драга Елена за одличните стајлинзи, Иван Цивриќ и Дејан
Велискович кои беа креативни и го направија дизајнот за овој феноменален албум.
Фала на сите, без вас нема да е како што е.... Ве сакам, ваша Маја Беровиќ!" –
сподели таа на нејзиниот официјален профил во Facebook.
Во прилог, погледнете го
целиот албум!
Автор - Наташа Секуловска
No comments