Оваа вечер голем концерт на ѕвездите на „Планета Тв“ во Варна!
Варна денес (29.07) се претвора во најтоплата музичка
дестинацијa,овој викенд во соседна Бугарија.
На големата
музичка сцена на стадионот "Спартак" во Варна, свои настапи ќе изнесат
Преслава, Галена, Емилија, Анелија, Теди Александрова, Емануела,
ДесиСлава,Галин, Фики,Устата.
Од музичката телевизија „Планета“ информираат дека билетите
може да се купат и онлајн, покрај на стадионот „Спартак“, а имено преку TICKETPORTAL
или на следниве места во Варна-на бензинските пумпи OMV, касата пред хотелот
"Црно Море", касата на Палатата на културата и спортот, книжарниците
" Booktrading ", канцелариите на" Office 1 Superstore "и
продавницата "На темно ".
А, кој ќе го отвори концертот прв – ќе дознаеме оваа вечер
од 20:30 часот сметано по бугарско време.
Автор - Наташа Секуловска
No comments