Header Ads

(Видео) Пред настапите во Македонија, Саша Ковачевиќ ја воодушеви публиката со "Kazes ne"! Над 600.000 прегледи за еден ден!

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ претстави две верзии на својот најнов музички проект, кои наидоа на одличен прием кај неговата многубројна публика.

Во видеото „Kažeš ne“ дел од некои сцени, во кои главната улога ја игра убавиот пејач и го одземат здивот,  се дело на бугарскиот режисер Љубомир Иларинов Љуси. 
Додека пак музиката на новото парче повторно е дело на Саша и неговиот брат Раде, аранжман на Ефраин Гонзалес и Јазо, а текстот го напиша Милош Рогановиќ, со што Саша започна нова етапа во својата музичка кариера доверувајќи се на своите шпански соработници.
Потсетуваме дека Саша, доаѓа во Охрид на 29 јули и 12 август во Kadmo Beach, додека пак домаќин на неговите забави ќе бидат и Струмица на 28 јули, како и Штип на 11 август, со што тој вети луда и незаборавна веселба.


Во прилог, погледнете ги двете верзии на неговата најнова песна.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.