(Интервју) Елена Јовческа: „Очекувајте наскоро ново попфолк музичко парче од мене“
Елена Јовческа е една од најпознатите
македонски пејачки, позната како амбасадор на нашата култура и традиција која
со помош на музиката, и со свирењето на нашите изворни музички инструменти како
гајдата и зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство, ни даде
ексклузивно интервју за нашиот сајт. Од него ќе може да научите голем број
информации сврзани со почетокот на нејзината музичка кариера, како и околу нејзиниот
најнов музички албум „Врати ми ја младоста“.
Здраво Елена. Оваа година го пуштивте во
продажба вашиот четврти албум „Врати ми ја младоста“. Колку песни вклучивте во
него?
Здраво! Да, точно така. Тоа е моето четврто
CD „Врати ми ја млаоста“. На него има 13 песни од кои 1 оро на гајда, 11 ковер
на народни македонски песни и една песна по која што го носи името моето CD
„Врати ми ја младоста“ која е авторска песна на Селимова Зелчески, меѓутоа ја
имав таа среќа и доверба, да токму јас ја испеам. Голема благодарност до нив.
Колку време ви одзеде подготовката на овој албум, со оглед на тоа дека минатата
година го издадовте албумот „Пола живот помина“?
Па, јас мислам дека доколку имате идеја како
да изгледа вашето CD и знаете што сакате ќе биде лесно и брзо да се направи, али
сепак 1 година и не е мал период за да издадете CD со cover песни.
Сигурна сум дека читателите ги интересира од каде ја наследивте својата љубов кон музиката и од која возраст почнавте да пеете?
Сигурна сум дека читателите ги интересира од каде ја наследивте својата љубов кон музиката и од која возраст почнавте да пеете?
Пеам уште како малечка. Имам завршено средно
музичко училиште во Скопје. Свирам повеќе инструменти и сум автор веќе на некои
свои песни.
Имате ли песна која ви е најомилена, едноставно
сте ја преживеале и ве тера да сте емоционална секој пат кога ја исполнувате?
Секој естраден уметник има омилена песна,
така да имам и јас, меѓутоа не би сакала да ја откријам која е таа песна.
Пред неколку седмици ја претставивте песната „Сестра“ заедно со Сања Ристеска. Задоволни ли сте од нејзиниот успех досега?
Пред неколку седмици ја претставивте песната „Сестра“ заедно со Сања Ристеска. Задоволни ли сте од нејзиниот успех досега?
Презадоволна!!! Да се заблагодарам на
соработката со Сања Ристеска, со која што
одлично ја изведивме оваа песна и ја представивме во најдобро светло. Нема кој
не ја слушнал и кој не заплакал,а мене тоа ми е гордост, бидејќи текстот и
музиката на таа песна се лично мои.
Имено, таа песна е ваша авторска. Како се
роди идејата за неа и воопшто кога започнавте да пишете своја авторска музика?
Како се роди таа идеја и сега не можам да
опишам, едноставно во раните утрински часови имав текст и музика во главата и
знаев дека ќе биди дует.
Што е најважно за Вас, кога избирате нова музика или текст за идниот проект?
Што е најважно за Вас, кога избирате нова музика или текст за идниот проект?
Најважно е мене пред се да ми се допаѓа и јас
да го сакам тоа што го пеам.
Подготувате ли можеби некое попфолк парче?
Во план сум попфолк песна да и презентирам на
мојата публика во најбрзо можно време.
Се сеќавате ли на вашиот прв јавен настап? Како се чувствувате
после него?
Знам дека немав трема и се чуствував супер,
задоволна, исполнета...
Вашата прва песна беше „Атлантида“, со што
потоа одлучивте да продложите да пеете повеќе народна музика. Што беше пресудно
да се одлучите на таков чекор?
Оние кои биле на моите настапи знаат дека
пеам секаков вид на музика, не само народно, меѓутоа поради моите народни
инструменти и носијата, мојата публика и е полесно да ме препознава така.
Според Вас, има ли враќање на интересот на луѓето кон родниот фолкор, започна ли тој да се слуша ли сѐ повеќе кај младите луѓе сега во споредба со изминатите години?
Според Вас, има ли враќање на интересот на луѓето кон родниот фолкор, започна ли тој да се слуша ли сѐ повеќе кај младите луѓе сега во споредба со изминатите години?
Мислам дека младите, а и јас слушаме тоа што
ни е убаво. Ако некој смета дека треба да се слуша некоја музика, мислам дека не
можиме да го промениме тоа мислење...затоа и пеам се на моите настапи за сите
да сме задоволни.
Тешко ли е да се опстане на македонската
музичка сцена, каде што немаме толку многу развиена музичка продукција, како што имаат нашите соседни држави?
Во животот ништо не е лесно, барем за себе
можам да кажам дека многу вложив и со многу труд ја изградив мојата кариера, а
за да се опстане таму каде што е треба континуирано да се вложува.
Вие сте голем патриот, амбасадор на нашата култура и традиција и со помош на музиката, на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, станавте ценета и барана кај нашинците во странство. Какви спомени имате од турнеите?
Вие сте голем патриот, амбасадор на нашата култура и традиција и со помош на музиката, на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, станавте ценета и барана кај нашинците во странство. Какви спомени имате од турнеите?
Јас сум горда што насекаде кажуваат дека сум
амбасадор на македонската публика. На сите моите турнеи сум пречекана како
дома. Си го сакам својот народ и онолку колку што ги сакаш луѓето, те сакаат и тие тебе. Еве, јавно се
заблагодарувам на сите што биле на моите концерти насекаде во светот.
Како ви помина турнејата во Австралија оваа
година? Кои песни покрај вашите се
најбарани кај македонците таму?
Имав одлична турнеја, од моите песни на прво
место е „Горда Прилепчанка“, потоа „Коса ми побеле“, песна која ја испеав од
легендата на македонската песна Виданка
Георгиевска, каде што бев и нејзин гостин на нејзиниот јубилјеен концерт, потоа
„Пола живот помина“ и „Мики не си фер“, додека пак помладата популација ја
бараат „Шмизла“.
Имате ли покана за гостување повторно во странство оваа година?
Имате ли покана за гостување повторно во странство оваа година?
Да, за новогодишните празици мислам дека ќе
имам турнеја, меѓутоа рано е да кажам.
Сметате ли дека музичкото образование е
клучно за еден човек да постигне завидна кариера во жанрот?
Има некое влијание, меѓутоа ако човек е роден
со дарба од Бога како што викаме и знае како да ја искористи, ќе биде успешен.
Славата не е за секого, како што велат луѓето. Вие како ја доживувате?
Славата не е за секого, како што велат луѓето. Вие како ја доживувате?
За мене сите луѓе се исти и секој може да
постигни слава на различни полиња, меѓутоа да бидме искрени на секој човек му
годи да е славен.
Ви благодарам што бевте моја гостинка. Ви
посакувам многу здравје, љубов, среќа и се разбира успех во професионален и
личен план.
Ви благодарам што ја следите мојата кариера и
сте дел од неа и ме подржувате во секој поглед. Ве сака Елена Јовческа.
Автор - Наташа Секуловска
Автор - Наташа Секуловска
No comments