(Фото) Романтично лето за бугарската пејачка Роксана!
На 27 јули бугарската пејачка на телевизија „Планета“ - Роксана
и нејзиниот вереник Александар, се заколнаа на вечна верност и веќе официјално
се и семејство, а наскоро ќе станаат и родители на машко дете.
Свадбата се претвори во еден од светските настани на Лето
2017, на која присуствуваа само одбрани гости, како и колеги на пејачката, која блескаше во луксузна венчаница изработена специјално за неа од бугарската дизајнерка Софија Борисова.Дом
EFE на хотел Маринела во Софија беше љубезен домаќин на приказната во бело за двајцата
вљубени, а Роксана го исполни своето ветување кон обожователите дека ќе ги направи сведоци на нивната свадба, со live
chat во официјалната и страница на Facebook.
Тимот на Estrada World им ја честита свадбата на
Роксана и Александар, со желба за здравје, многу љубов и среќа!
Автор - Наташа Секуловска
No comments