Header Ads

(Фото) Елена Велевска ултра секси во новиот видеоспот!

Елена Велевска по неверојатниот успех кој го имаше со двете песни „Погледни ме за крај“ и “Ќе си моја“, ја продолжува својата мисија во освојување на бугарскиот музички пазар.

Таа пред неколку дена во соседна Бугарија, на Сончев Брег заедно со својот тим и режисерот Луси Иларинов го снимаше својот најнов музички спот за песната „Уволнен си“ (Отпуштен си), која ќе добие и своја македонска верзија, со  што за неколку дена ќе биде и официјално претставена  во официјалниот канал на Планета Тв во YouTube и по телевизија Планета.
Најновото музичко парче во репертоарот на Елена, е дело на македонскиот композитор  Оцко Василковски, со кој соработува за прв пат, додека пак текстот е дело на Мариета Ангелова.


„Изненадена сум и среќна, сѐ  се случува многу брзо и се оди во позитивен контекст. Моите две песни за тој пазар поминаа повеќе од добро, од она кое јас го очекував. Деновиве на Сончев брег го снимав видео записот за мојата нова песна "Отпуштен си" која ќе добие и македонска верзија. За спотот беше задолжен Луси со кој го сработивме и предходниот спот. Песната е во брз ритам и сите кои ја слушнаа позитивно реагираа. Спотот се снимаше на отворено и моравме неколку пати да го прекинеме поради тоа што многумина сакаа да се фотографираат со мене и да добијат автограм. Три дена траеше снимањето на спотот и ова дефинитивно е еден од моите највисокобуџетени спотови досега, за кој се надевам дека е полн погодок за публиката.“ – сподели Елена за нас.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.