Header Ads

Роксана: „Очекувајте ја наскоро мојата прва песна за 2019-та година!“


Ексклузивно ви откриваме дека бугарската пејачка Роксана, е готова со нова песна која ќе излези наскоро во официјалниот канал на телевизија Планета, како и по Планета Тв, откако најави дека подготвува повеќе музички проекти за оваа година, од познати композитори.

Имам околу десет различни  песни од различни композитори, некои се самостојни, некои дуетни и ми е тешко да изберам со која да се претставам, затоа што сите ми се допаѓаат многу. Подготвувам и дует со еден неверојатен млад пејач од Србија, за кој најголемите музички ѕвезди таму не ги „штедат“ своите коментари кога е во прашање тој“. – сподели таа за нас пред извесно време.
Имено, таа важи за изведувачка во соседна Бугарија со запазена марка за висок квалитет и одлична музика, проследена со стил и  класа, која никогаш не изневерува на себе си. Овој пат одлучи новата година да ја започни со песна која  е дело на нејзиниот колега Силвестер Матев-Силвер, која ќе биде  со брзо темпо и со забавен текст, а видеоспотот се очекува да биде снимен за неколку дена. Во неа учество ќе земи и нашиот познат трубач Џамбо Агушев, кој специјално отпатува во Бугарија, поради снимањето на песната.

„Овој проект е многу важен за мене, затоа што ќе даде старт на мојата нова година, но и заради специјалното учество во него на познатиот ваш македонски трубач – Џамбо Агушев, кој е познат не само во Бугарија, но и низ цела Европа. Песната е готова и се надевам ќе и се допадне на публиката.Во овој момент размислувам со кој режисер да работам, затоа што овој пат сакам да направам еден интересен видеоспот, кој ќе ја долови суштината на самото музичко парче и со тоа ќе придонесе подобро да биде прифатено од страна на мојата публика“. – изјави специјално за нашиот сајт Роксана.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.