(Видео) Александра во дует со „човекот - глас“ Тони Стораро
После кратката пауза, бугарската пејачка Александара е
готова со нова песна и видеоспот кон неа.
Младата изведувачка од каталогот на Diapason Records ја
пушти својата прва песна за оваа година „Да си ти“ во ефирот на Фен Тв,
која е во дует со „човекот – глас“ Тони Стораро. Музичкото парче е по музика на
самата пејачка, со аранжман на композиторот Спас Лазаров, додека пак текстот го
напиша Јордан Георгов.
„Решив да му се јавам на Тони Стораро, откако го прoчитав
текстот кој ми го испрати Јордан Георгов. Искрено, не бев сигурна дали тој ќе
се согласи да запишеме песна заедно, затоа што е нон стоп е зафатен и нема
воопшто време. Но, кога Тони го слушна демо записот од песната, му се допадна и
реши да запишеме дует заедно. Навистина сум му благодарана за оваа шанса“ –
сподели за нас Александра.
Исто така, ексклузивно ви откриваме дека младата пејачка
подготвува и други проекти со кои ќе се претстави оваа година, но засега не
открива точен период кога би се појавиле на екран.
Во прилог, погледнете ја песната „Да си ти“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Diapason Records
No comments