Тања Маринова е новото пополнување во редиците на „Пајнер“
Тања Маринова е новото пополнување во музичкиот каталог
на продукцијата "Пајнер“ во соседна Бугарија, која ја претстави својата
прва песна по Планета Тв со наслов “Ще ме помниш“.
Имено, со овој музички проект младата изведувачка прави
свое деби на попфолк сцената, откако постигна неверојатен успех со народните
песни, затоа што беше дел од познатиот оркестар “Тракия” после
завршувањето на музичкото училиште НУФИ “Филип Кутев” во град Котел, Бугарија.
Песната е дело на композиторот Велислав Драганински, со
текст на Петја Радева, додека пак режисер на видеото е Николај Скерлев.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments