(Видео) Зимска приказна со жешки сцени во новиот спот “Скъпото се плаща“ на Емануела!
Исклучително продуктивна и успешна беше 2018–та година за
бугарската пејачка Емануела. Во изминатите месеци пејачката ја изненади
публиката со неколку хитови проекти, како и со нов музички албум, а пред
неколку дена ја представи и својата најнова песна за оваа година која носи наслов “Скъпото се плаща“.
Музичкато парче се заврти по телевизија Планета, но
направи своја премиера и во официјалниот канал на телевизијата во YouTube –
PlanetaOfficial. Песната е дело на композиторот Даниел Ганев, со текст на Анастасија
Мавродиева, Александар Попов и Емануела, а ова е нивни втор заеднички проект после мегахитот „Виновна“.
Видеото кое е дело на режисерот Људмил Иларионов – Љуси е
во храмонија со сезоната – во него ќе уживате во прекрасни кадри од снег, но и
многу сексапил, затоа што Емануела, секогаш знае умерено да ги поврзи жешките
сцени со секси, заводлив изглед, кои се нејзина запазена марка долги години.
No comments