Ексклузивно: Тања Боева се враќа на музичката сцена!
Сексапилната пејачка Тања Боева, пред неколку дена го направи своето триумфално
враќање на музичката сцена, со настап во познат ноќен клуб во Пловдив, Бугарија.
Откако во 2017-та година се повлече од музичката
и од јавноста, попфолк пејачката на хитовите „Лошо момче”, „Мъж на
годината”, „Наздраве за щастливеца”, „Имаш ли приятели” се врати посилна од
секогаш, во одлична пред се топ форма, како времето за неа да застанало!
„Долго време смислено не работев и не одев на настапи,
кои ги имав речиси сведено на минимални 1-2 во месецот низ годините. Време е
да го променам тоа, затоа ексклузивно ви откривам дека се враќам онаму каде што
е моето место – помеѓу публиката!“ – сподели Тања Боева за нас.
Потсетуваме дека последно излезе песната “Зодия Скандал“ во 2017-та година, а нејзините фанови со нетрпение го очeкуваат новиот
хит на пејачката, но засега останува во тајност дали ќе продолжи сама да се продуцира или ќе се придружи кон
некоја од музичките компании во соседна Бугарија.
Фото - Тања Боева
No comments