(Видео) Бура од емоции во новата песна на Галин и Лидија
“Няма да ми мине“ е насловот на најновото музичко предложение
на миленикот на бугарската музичка сцена – Галин, кое за само три дена бележи
рекордна посетеност во YouTube со над 1.500.000 прегледи.
Песната е во дует со Лидија, млада изведувачка која
својата кариера ја има започнато уште на седум годишна возраст. Таа има
завршено музичко училиште во Бургас, но на публиката и стана позната по учеството
во “България търси талант“ и “Големите
надежди“.
Музиката на песната “Няма да ми мине“ која ја
направи својата премиера по Планета Тв и во YouTube е на Галин и Боби Павлов, со аранжман на Дејан Асенов, додека пак автори на текстот се
повторно самиот изведувач и Станислава
Василева. Режисьор на видеото е Стефан Маринов - Buddubbaz Tape, а зад интересното
сценарио кое доби позитивни оценки од публиката стои самиот Галин.
Во прилог, погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments