Каролина Гочева за прв пат настапува заедно со Македонската филхармонија!
Нашата позната поп пејачка Каролина
Гочева пред неколку дена во Белград, се закити со статуетка на првите
регионални музички награди.
Имено, таа ја доби наградата за Најдобра етно нумера за
песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“, која премиерно ја
изведе на големата сцена во Штарк Арена во
Белград, пред многубројната публика претставувајќи се во најдобро светло.
Исто така, ексклузивно ви откриваме
дека Каролина Гочева за прв пат во
својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот
состав на Македонската филхармонија.
Концертите во нашиот главен град Скопје веќе се
закажани за 15-ти и 16-ти февруари и ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од нејзините проекти „Македонско
девојче“ и „Извор“ во живо, во комплетно нови аранжмани, а влезниците од 28-ми
јануари веќе се пуштени во продажба.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Интернет
No comments