Header Ads

(Видео) Магда ги воодушеви обожователите со новата балада




„Чаках те” е насловот на долгоочекуваната балада на бугарската пејачка Магда, која се врати на сцената минатата година, откако стана мајка за прв пат и на свет ја донесе свoјата ќерка. Таа сподели за телевизија Планета дека  е исклучително среќна, што конечно ја исполнила желбата на сите фанови, кои со години очекуваат да сними нова балада, после хитовите кои останаа запишани во „златната ера“ на попфолкот.

Имено, оваа песна е нејзин прв музички проект во Новата Година, во која со вокали се вклучува нејзината колешка и пријателка ДесиСлава, а е дело на нашиот композитор Љупчо Антовски, додека пак текстот го напиша Петја Радева.
Мелодијата беше претставена со видео кое го изработи режисерот Николај Скерлев, кое во целост успеа да ја долови суштината на песната со прекрасните кадри,  коишто ја  отсликуваат емоцијата која ја испраќа оваа песна.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.