Header Ads

Ексклузивно: Ивана со двојно изненадување за своите обожователи!


Ивана- многумина ја нарекуваат "душата на попфолкот", а други - "пејачката на народот". Имено, пред 20 години таа стана дел од музичката компанија "Пајнер"  и даде почеток на една прекрасна кариера. 

Почетокот на оваа блескава кариера е поставен во ресторан "Приказните" во град Харманли, Бугарија, а годината - 1999-та. Настапот на Ивана и нејзиниот оркестар во локалот е повеќе од импресивен, па лично шефот на "Пајнер" инж. Митко Димитров, кој е меѓу посетителите, ја поканува на масата и и нуди договор. А таа, збунета доцни со одговорот цели 20 дена, но на 14 септември 1999 година го потпишува договорот, а првата запишана песна и се вика „Идол“.


"Големата" дама од малиот град, започна различна претстава за попфолкот и успеа за сите овие години да го запиши своето име со златни букви во историјата на жанрот.

Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините концертни настапи, со кои таа блеска цели 20 години и не остави рамнодушен ниту еден обожавател на поп-фолк музиката.

Денес, 20 години подоцна, Ивана е една од најпознатите бугарски попфолк пејачки во соседна Бугарија и точно на овој датум (31.01) има двоен празник.

Имено, таа денес прославува и свој роденден, кој ќе го обележи со голема забава во Пловдив,  со еден вид на миниконцерт, вооедно изненадувајќи ја публиката и со видеоспот кон баладата „Едно - Обичам те“, која е дело на композиторот Armin Movsisyan, со текст на Мариета Ангелова, а додека пак аранжамнот на песната го изработи композиторот  Спас Лазаров.
Вооедно, изненадувањата од неа не завршуваат тука. Бидејќи ова е нејзина јубилејна година, таа има подготвено многу изненадувања, меѓу кои ексклузивно ви откриваме дека денес на музичкиот пазар се појави нов попфолк албум кој носи наслов  “Ивана – същата и не съвсем – 20 години на сцената”. Во него ќе ја откриете „пејачката на народот“ онаква каква што сите ја знаеме, ширејќи љубов и пријателство низ своите песни, бидејќи музиката нема граници!
Целиот тим на #EstradaWorld и посакува среќен роденден, со желби за се најубаво и уште долги години присуство на музичката сцена!


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.