Header Ads

Ова е успех: Погледнете како поминува турнејата на Џесика Палашоска во Америка!

Џесика Палашоска замина на турнеја во Америка, каде што настапуваше и изнесе многу концерти во текот на месец декември и јануари, а секоја слободна минута ја користеше за прошетка низ познатите места.


Американската турнеја и беше една од најуспешните досега, со преполни сали, многу позитивни емоции и нови пријателства зад океанот, за што сведочат многубројните слики и видеа од настапите по социјалните мрежи.
„Навистина за мене беше големо задоволство да одржам концерти во Америка и Канада. Благодарам од срце на сите оние кои присуствуваат на моите концерти и на сите оние кои не пречекаа со големо срце!“- сподели ексклузивно за нас познатата наша попфолк ѕвезда.
Денес е закажан нејзиниот последен концерт во Индијана, а ќе се одржи во Crown Point во цркавата „Св.Петар и Павле“ ветувајќи голема забава до раните утрински часови со нејзините најголеми хитови, а во нејзиниот официјален канал во YouTube може да се насладите на нејзината најнова песна „Слободна“, која наиде на одличен прием кај публиката.


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.