(Видео) Татјана: „Не очекував толку позитивни реакции за новата песна“!
Бугарската пејачка
Татјана пред неколку дена го претстави официјално својот прв музички проект за
2019-та година.
Имено, песната „Записано
е в сърцето ми“ ја направи својата
премиера по Планета Тв, но и во официјалниот канал на телевизијaта во YouTube
– PlanetaOfficial. Парчето е по музика и
аранжман на нашиот композитор кој долги години живее и работи во соседна
Бугарија – Јорданчо Василковски – Оцко, додека пак неверојатниот текст кој
предизивика лавина од позитиvни коментари низ социјалните мрежи, пред се со
силната порака која ја шири е дело на поетесата Мариета Ангелова, која важи за една од
најуспешните поетеси на Балканот, затоа што ги има напишано најголемите попфолк хитови
кои останале вечно во времето.
“Не очекував толку силна
и позитивна рекација. Во YouTube секој
втор коментар е со позитивна содржина и сум пресреќна што луѓето се пронајдоа
во овој мој музички проект и го оценија целосно и како музика, текст, но и како
видеоспот. Сега тврдо стојам зад мислењето, дека ако еден уметник говори со
своето срце во музиката, се добиваат најдобрите песни. Работев долго време врз
оваа песна и голема благодарност до сите кои соработува со мене овој пат“ –
изјави за нас Татјана.
Во прилог, погледнете ја
песната „Записано е в сърцето ми“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments