Роксана подготвува дует на српски јазик!
Роксана важи за изведувачка со запазена
марка за висок квалитет и одлична музика, проследена со стил
и класа, а која секогаш знае пријатно да ги изненади своите
обожователи.
„Имам околу десет различни песни од различни композитори, некои се
самостојни, некои дуетни и ми е тешко да изберам со која да се претставам,
затоа што сите ми се допаѓаат многу. Подготвувам и дует со еден неверојатен
млад пејач од Србија, за кој најголемите музички ѕвезди таму не ги „штедат“
своите коментари кога е во прашање тој. Имено Никола Ајдиновиќ – Шеќерчето,
како што го нарекува Јелена Карлеуша е дел до најголемата музичка компанија
Гранд продукција. По нашата песна веќе работи познат српски композитор, со кој
разменивме идеи и со нетрпение ги очекувам првите звуци на парчето“ – откри ексклузивно
за нас позната бугарска пејачка.
„Имам песна и од познатиот ваш трубач - Џамбо Агушев по
кој аранжман во моментов се работи, како и песни од композиторите Даниел Ганев
и Мартин Биолчев и навистина ми е тешко да изберам што прво да претставам во
Новата Година“- дополни таа.
Покрај многубројните настапи овој период и подготовката
на нови песни, Роксана успеа да одвои малку време и по повод Новогодишните и
Божиќните празници ги израдува своите обожователи со нова фотосесија, која е
дело на фотографот Ганчо Чурков.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Ганчо Чурков
No comments