Header Ads

(Фото) Погледнете како Галена прослави 15 години на музичката сцена!


„15 години – вистински „среќна“! Од целото мое срце ви ја подарувам мојата нова песна “Сърце” ! – вака познатата попфолк дива Галена  од соседна Бугарија го најави својот нов видеоспот по повод 15 годишнината на професионалната музичка сцена.

Песната “Сърце”  покрај во ефирот на телевизија Планета, може да ја погледнете и во официјалниот канала на телевизијата во YouTube – PlanetaOfficial.
Композитор на парчето е Даниел Ганев, додека пак текстот го напишаа Анастасија Мавродиева и Мирослав Митев. За реализацијата на својот нов музички проект, овој пат Галена се довери на  Kalapa studio, со режисер и сценарист Julie Gomez, оператор Salih Sali, кои направија спот достоен за на светско ниво.
Позната пејачка својот јубилеј го прослави со своите обожователи и колеги, во познат клуб во Софија, каде што имаше подготвено изненадување за присутните гости. Имено, секој нејзин обожовател кој ќе дојди на наредните настапи кои се закажани низ цела Бугарија, поклон ќе добие лимитиран календар со автограм од Галена.



Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.