Анелија ја започна ударно 2019-та година со баладата “Сърцето ми”
Бугарската
пејачка Анелија ги изненади пријатно своите обожователи со нова песна.
Имено,
баладата “Сърцето ми” е првиот музички предлог од познатата пејачка во Новата
година, а вооедно и првиот спот од музичката компанија „Пајнер“ кој направи
своја премиера во 2019-та година.
Песната
е дело на композиторот Гили Закај, со
аранжман на нејзиниот колега Ави Бенеди, додека пак за текстот кој предизвика
лавина од позитивни коментари со силната порака која ја испраќа е дело на Петја
Радева. Видеоспотот е снимен во Бургас уште минатата година од страна на
режисерот Александар Молов, но Анелија како што и самата изјави чекала
соодветен момент за да ја престави баладата, а секогаш знаеме дека најдобар
период за емоционални песни кои остануваат вечно во времето е зимскиот период.
Во
прилог, погледнете го музичкиот предлог “Сърцето ми”:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments