Header Ads

Преслава: „Нема поубаво чуство од тоа да бидеш мајка“


Преслава не крие дека мајчинството ја прави да се чуствува среќна и и подарува незаборавни мигови секој ден.

„Неверојатно е чуството да бидеш мајка. Се уште не можам да опишам со зборови, како се чуствувам, затоа што како една млада мајка можам да кажам дека човек станува поангажиран и поодоговорен од тој момент. На некој начин веќе целиот свет ми се врти околу мојата мала Паола. Јас веќе оттука натака започнав да си претставувам што ќе правам во животот, како таа ќе гледа на тоа. Дали ќе и се допаднам, дали ќе се гордее со мене. Имам чуство дека треба неа да и се докажам“- сподели таа пред Планета ТВ.
Исто така, позната пејачка сподели во социјалните мрежи и неколку слики од својот краток зимски одмор, каде што друштво и прават нејзината ќерка Паола и нејзиниот сакан Павел, за кој изјави дека е задоволна од начинот на кој тој се грижи за нив двете, пред се како ја воспитува малата принцеза.

„Можам да кажам дека Паола е многу гледана и од својот татко. Тој се грижи за неа и се надевам секогаш ќе ми помага, како што тоа го прави сега. Јас неа секогаш и пуштам музика и се надевам силно дека ќе биде музичар како мене, а не за ништо друго, барем за мое задоволство“.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.