(Видео) Теодора се врати на музичката сцена!
Една од најпознатите бугарски попфолк ѕвезди Теодора,
после долгата музичка пауза, се врати на музичката сцена со силна балада, која
доби наслов „До последен дъх“.
Песната е дело на композиторот Дидо Калпаков, додека пак
силниот текст го напиша Јордан Георгов. Видеоспотот кој е на светско ниво е
снимен на една од најмистериозните локации во САД, државата Невада.
„Сакав да направам едно сосема различно видео, во кое ќе ја покажам убавината на пустината и
затоа го избрав тоа место, кое е во близина на Лас Вегас -мојот омилен град“- сподели Теодора.
Видеото кон баладата може да го погледнете во ефирот на на
Fen како и во YouTube каналот FEN TV BG.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Diapason records
No comments