Header Ads

(Видео) Борис Дали порачува „Няма да съм твой“


Без сомневање Борис Дали  е еден од бугарските изведувачи кои со своите песни ги освои срцата на публиката, градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван од страна  на негови колеги, но и од публиката. Самиот тој признава дека одамна ја избрал музиката за своја професија и верува дека со време ќе успее да ги  реализира сите свои цели.

Во официјалниот канал на телевизија Планета,  пред неколку дена премиера направи неговото најново музичко предложение за оваа сезона, кое се вика „Няма да съм твой“. Песната е по музика на Diamond Beat Production, со текст напишан од страна на Анастасија Мавродиева, додека пак видеото го изработи Људмил Иларионов – Љуси.

Борис Дали е еден од изведувачите кои ќе настапат на 4-ти декември во „Арена Аремеец“ во Софија по повод 17-тиот роденден на телевизија Планета, а билетите за големиот настан може и да ги порачате и во мрежата на eventim.bg.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.