Header Ads

( Ексклузивно) Роксана :„ Ќе ги оставиме нашите срца во овој дует“


Бугарската пејачка Роксана, покрај двете нови песни кои ги претстави „Чукур“ ( со Сашо Рико) и „Камъните“, таа успеа да предизвика вистинска медиумска сензација низ интернет пространството, кога ја објави веста дека подготвува дует со Меди Гогов.

„Еден неверојатен талент, кој бугарската публика имаше можност прв пат да го чуе и види во реалното музичко шоу „Гласот на Бугарија“! – сподели Рокси ексклузивно за нас.

Потсетуваме дека Меди има завршено образование во Националното училиште за народни искуства во Широка Лака – Бугарија и важи за млад изведувач со неверојатен вокал и специфичен глас.
Идејата за дуетот беше моја и навистина се појави во еден миг кога се прашував самата себе си, со кој да направам дует и каков да биде. Меди има глас кој не можеш да го помешаш со никој друг, глас кој лесно се препознава уште во првите секунди од песната. Едноставно слушнав негова песна која се вика „Онлјан“ во YouTube и ми остави позитивен впечаток, по што следниот ден му заѕвонив со предлог да запишеме дует и тој веднаш прифати. Тоа ќе биде нашата песна, но и вашата во која ќе оставиме дел од нашите срца“ - дополни таа.

Кога ќе излезе песната, засега нема се уште точно одреден датум, затоа што во моментот е во демо верзија и се уште се работи врз неа, но следете не, за да научите кога ќе  излези по телевизија Планета, но и во официјалниот канал на Планета Тв во YouTube.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.