Header Ads

Емилија со нова песна по повод 17-тиот роденден на телевизија Планета


Бугарската ѕвезда Емилија ја продолжи својата традиција и на 13-ти ноември кога роденден прославува телевизија Планета го претстави својот нов видеоспот.

Минатата година таа на истата дата ја претстави песната „Все едно ми е“ ft. Емануела, а една година покасно премиера направи  парчето „Само тебе искам”, кое само за неколку дена се радува на голема посетеност во официјалниот канал на телевизијата во YouTube, вооедно најавувајќи го својот нов двоен музички албум кој ќе излези на CD и DVD пред почетокот на Новата година.
Зад реализацијата на песната „Само тебе искам“ стои докажана екипа од професионалци. Имено, музиката и аранжманот се на композиторот Даниел Ганев, додека текстот е соработка помеѓу Мариета Ангелова, Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Георги Манов, со оператор Крум Родригес. Овој пат  Емилија одлучи за нејзиниот изглед да се погрижат  - Антонија Јорданова (стајлинг), Момчил Спасов и Стојан Кунев (коса) и Цецо Андреев и Анна Андреева (шминка).  

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.