Се подготвува спектакал на годината: Телевизија Планета го прославува својот 17-ти роденден!
Нова Година наближува, а со тоа и омилениот период од
годината, кога расте возбудата кај
луѓето каков подарок да им подарат на своите најблиски.
Телевизија Планета по тој повод, во онлајн продавницата - eMAG.bg
во продажба го пушти својот нов луксузен лимитиран календар, во кој ДесиСлава, Анелија, Марија, Преслава, Цветелина Јанева и
Джулија греат на неговите страници, заедно со Галена, Јаница, Емилија,
Кали и Джена.
Датата за големиот настан по повод 17-тиот роденден на
познатата музичка телевизија во соседна Бугарија, е закажана за 4-ти декември во Арена
Армеец во Софија, за кој веќе течат последните подготовки сврзани
околу кореографијата, па се до кои песни ќе има можност публиката да ги слушни,
а со сигурност нема да помини без големите хитови од оваа година, но и оние
песни кои оставија своја трага во музичката историја.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments