(Видео) Бура од емоции во новата песна на Галин
Долгоочекуваниот
видеоспот на Галин веќе е факт во официјалниот канал на телевизија Планета - PlanetaOfficial
во YouTube.
Песната
“Как си, кажи” е снимена во Лондон, поточно во населбата Shoreditch која е
позната по својот бурен ноќен живот и уличната уметност. За нејзината
реализација задолжени беа режисерот Георги Марков кој успеа да го сними спотот
за рекордни три дена,а стиховите ги напишаа Станислава Василева и Анастасија
Мавродиева. Музиката е дело на самиот
Галин, додека пак аранжманот е на Дејан Асенов.
Исто
така, наскоро по Планета Тв ќе направи премиера и првиот спот на Dessita, млада
пејачка, која Галин одлучи да ја продуцира.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments