Header Ads

(Видео) Джена ги освојува музичките топ листи со песната „Яко ми е“


Джена ја започна зимата ударно со нејзината најнова песна “Яко ми е“, во која повторно имаме можност да ја видиме во една поинаква светлина од се што досега ни има претставено.

Таа одлучи и овој пат да биде поразлична и да го следи стилот на песната „Хулиган“ која се радува на огромен успех, презентирајќи ни повторно песна со модерен звук, целосно во тон со актуелните музички трендови и желби на публиката.
Со самата појава, музичкото парче ги освои симпатиите на нејзините обожователи, пред се со силниот текст, но и со интересниот видеоспот кој е дело на режисерот Георги Марков. Во него оригиналните декорации ги изработи свадбената агенција „Мелодика“, која ве потсетуваме дека во 2016 –та година исто така ја декорираше и свадбата на позната бугарска пејачка Джена и нејзиниот сопруг Атанас.

Авторската екипа која овој пат стои зад музичкиот проект и гарaнтира негова успешност е композиторот Дамир Јахич-Чекиќ,  Анастасија Маводиева - текст и  Јорданчо Василковски  Оцко - аранжман.

 Автор - Наташа Секуловска
Фото - Викторија Сиракова 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.