Header Ads

Премиера за вториот дует на Анелија и Кириакос Георгиу - “Подлудяваш ме”


После неверојатниот успех на дуетот “Кажи ми”, Анелија и грчкиот изведувач Кириакос Георгиу по телевизија Планета го претставија својот втор дует “Подлудяваш ме”.

Песната има силна емотивна порака и со сигурност ќе го надмине и успехот на последниот хит на Анелија „Просяци“ снимен во Кападокија – Турција. Музиката и аранжманот на песната се дело на композиторот Дејан Асенов, а текстот е соработка помеѓу Петја Радева и Кириакос Георгиу.

За да биде новиот проект на светско ниво, пејачката заедно со режисерот  Александар Молов избраа да се дополни музичкото чувство на песната со ефектен спот, вооедно снимајќи и нова фотосесија со фотографот Теди Грозданов, а дел од неа ексклузивно ви претставуваме тука.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.