Header Ads

Емануела со нов хит! Слушнете го „Направи така“


Емануела последните неколку дена добива огромна подршка од сите страни. Откако  во продажба го пушти својот нов музички албум „Нотариално заверен“ и остана во реалното шоу Big Brother - Most Wanted 2018,  таа одлучи да ја претстави и својата најнова песна – „Направи така“.

Песната е по музика и аранжман на композиторот Даниел Ганев, со кој Емануела работи во последно време и е задолжен за нејзините големи хитови оваа година, додека пак текстот ги обедини Анастасија Мавродиева и Петја Радева.

Видеоспотот кој предизвика вистинска сензација за само три дена регистрирајќи над  700.000 прегледи во најголемиот портал за видеосподелување – YouTube е дело на режисерот Николај Скерлев и во него повторно имаме можност да ја видиме пејачката во сексапилно светло, демонстрирајќи како и секогаш одлична фигура.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.