Header Ads

(Фото) Со спектакуларен концерт телевизија Планета го прослави својот 17-ти роденден!


Бугарската музичка телевизија Планета ТВ на 4-ти декември во Арена Аремеец во Софија одржа спектакуларен концерт со кој прослави 17 години лидерство во музичките води.

Имено, познатата телевизија уште еднаш докажа дека знае да ги израдува и изненади своите многубројни обожователи со спектакуларно шоу, во кое учество зедоа дел од нејзините најголеми музички ѕвезди.

Почетокот на концертот беше поставен од страна на Емилија, која имаше подготвено специјална ориенталска кореографија и балет со кој настапи  исполнувајќи го својот нов хит „ Harem“, како и песните “Само тебе искам” и “По такива си падам” со младиот изведувач Емрах, а после нив следуваа Ванја, Джордан, Татјана, Джулија, Джена, Рајна, Фики, Галин, Устата, Марија, Јаница, Емануела, Теди Александрова кои се претставија одлично, исполнувајќи ги своите нови песни и раздавајќи се на макс за фановите во салата, а Джулија заедно со Анелија  го претставија дуетот “Бръммм”.




На сцената за прв пат се појави и најновото пополнување во фирма „Пајнер“- Денис Теофиков, кој го исполни дуетот со својата колешка Цветелина Јанева.

Класа и стил на сцената зрачеше од страна на Глорија, која заложи на микс од песните “Нюанси сиво” и “Добре дошла, скитнице”, додека пак Галена како и секогаш се претстави со ефектно шоу.



Триумфално беше враќањето на музичката сцена за Десислава и Преслава, кои блескаа од среќа што повторно се со своите фанови, исполнувајќи ги  на сцената своите најголеми хитови.




Очекувајте го целиот концерт по „Планета Тв“ до крајот на оваа година, а во него покрај познатите пејачи, учество зедоа и неколку балети.

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.