Header Ads

(Видео) Румина во ново светло


Бугарската пејачка Румина откако се врати на музичката сцена минатата година, не престанува да ги изненадува своите обожователи.

Таа денес го претстави својот најнов музички проект „Мноо яко“ кој имате можност да го погледнете по Фен Тв и во YouTube каналот на телевизијата - FEN TV BG. Песната е во стил кој не е типичен за русокосата пејачка и слободно може да се каже дека со оваа песна таа направи смел чекор во својата кариера, затоа што овој тип на музика на кој се одлучи овој пат не е доста промовирана во последниве неколку години, каде што се почесто замав зема поп стилот.
„Оваа песна е мојот подарок за новогодишните и божиќните празници. Секогаш сум сакала да претставувам нешто различно и овој пат не изневерив на својот стил. Претходните спотови ги снимав на отворено, но ете сега одлучив да снимам во студио, затоа што сметам дека така е подобро и е во согласност со самиот проект. Искрено се надевам дека  на публиката ќе и се допадне песната, затоа што ја подготвував со многу љубов и е сосема поразлична од претходната „ Тая ненормална“ – изјави Румина за нас.

Автор - Наташа Секуловска 
Фото - Ara Music

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.