Header Ads

(Видео) Лорена: „Оваа грешка беше дел од една љубов“


Бугарската пејачка Лорена смело чекори по патот на музиката, градејќи успешна кариера и за две години стана една од најпознатите изведувачки,  редејќи хит зад хит.
После мегахитовите оваа година „Нищо“ и „Вредна“ таа ја претстави својата најнова песна „Грешка“.

Оваа грешка беше дел од една љубов... некогаш.... со некого.... но, во друго време“ – вака талентираната пејачка ја најави својата најнова песна која е напишана по нејзина идеја  во соработка со Петар Петров, додека пак музиката која веднаш ги освои срцата на слушателите е на композиторот Даниел Ганев. Овој пат  видеоспотот го режисираше Станислав Христов.
„Најважно е да се претстави квалитетна продукција. Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да предложуваме песни по нивни вкус“-категорична е Лорена, а целото интервју со неа може да го прочитате во делот Интервју.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.