(Видео) Екстра Нина: Среќна сум што ги изненадивме обожователите со Весела
Ектра Нина важи за една од најпознатите бугарски попфолк
пејачки, која својата кариера ја има започнато уште во раните 90-те години на
минатиот век. Имено, таа одлучи заедно со нејзината колешка Весела по повод Новогодишните и Божиќните празници да
ги изненадат своите обожователи со нешто ново.
„Мојата нова песна се вика „Царицата“ и е по музика и
аранжман на Мартин Биолчев, а текстот го напиша Јордан Георгов. За гост
изведувач ја поканив мојата колешка и пријателка Весела, со идеја да ги
изненадиме обожователите кои се сеќаваат на нашите дуети и тоа најмногу за
„Блодинка“. Видеоспотот е снимен во Бугарија и тоа по моја режија и сценарио“-
сподели Екстра Нина за нас.
Ексклузивно ви откриваме дека во првите денови на 2019
година ќе имате можност да слушните и нова народна песна во изведба на позната
музичка ѕвезда.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments