Header Ads

(Видео) Џесика посекси од секогаш! Погледнете ја песната „Слободна!


Атрактивната Џесика Палашоска е една од нашите најпознати фолк пејачки, која секогаш знае пријатно да ги изненади своите фанови со нешто ново.

После најавата на големата турнеја во Америка која и започнува на 22 декември, таа ја претстави и својата најнова песна „Слободна“.
Музичкото парче вчера ја имаше својата премиера во официјалниот канал на пејачката во Youtube – Jessica PalashoskaOfficial  и брзо успеа да ги освои симпатиите на публиката, што може и да се забележи и од коментарите.

Огромна чест и задоволство ми е да ви ја претставам мојата “СЛОБОДНА” и се надевам ќе ви се допадне. Ги очекувам вашите коментари.Ве сакам сите !!! 💋вака Џесика  ја најави својата долгоочекувана нова песна.
„Слободна“ е по музика и аранжман на Дејан Момировски, со текст на Борче Нечовски. Влијанието на парчето го дополнува и прекрасната тв-верзија  во која имаме можност да ја погледнеме нашата пејачка во едно сексапилно издание, затоа што таа како и секогаш, умерено знае да се претстави со секси, заводлив изглед кои се нејзина запазена марка долги години.

Во прилог, погледнете за што станува збор: 

 Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.