(Видео) Зимска приказна во новиот спот “Краят с мен” на Цветелина Јанева
Исклучително продуктивна и успешна е 2018 –та година за
бугарската пејачка Цветелина Јанева.
Во изминатите неколку месеци пејачката ја изненади
публиката со неколку хитови проекти, а пред неколку дена ја представи и својата
најнова балада “Краят с мен” за која
предизвика многубројни коментари низ социјалните мрежи, покажувајќи го уште
еднаш својот неверојатен музички талент.
Музиката и аранжманот на песната се дело на Diamond Beat
Production, а текстот е создаден од страна на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, додека пак режисер на видеото кое ја воодушеви публиката е познатиот режисер Николај Нанков, кој е заслужен за неверојатните спотови кои ги претставува пејачката последните неколку години, а кои се во тон со светските трендови.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments