(Видео) Погледнете ја првата самостојна песна на Денис Теофиков
После силниот старт на својата музичка кариера со дуетот
„Грешка беше“ со Цветелина Јанева и учеството во песната на Джулија „Оп-оп“, младиот
талент Денис Теофиков кој од пред
неколку месеци е дел од големото музичко семејство на фирма „Пајнер“ одлучи да
ја зацврсти својата позиција на име кое ветува дека ќе биде дел од најголемите
музички ѕвезди.
Имено, откако пред неколку дена зеде учество на големиот концерт
по повод 17-тиот роденден на телевизија Планета, тој одлучи да претстави и своја
самостојна песна. Новото музичко предложение од него „Мило мое“ кое со сигурност ќе биде составен дел од
листите на DJ-те оваа сезона, ја направи својата премиера во официјалниот канал
на телевизијата, како и по Планета Тв и Планета HD. Песната е дело на Diamond
Beat Production (музика и аранжман), со текст на Анастасија Мавродиева и Diamond Beat Production, додека пак за
видеото беше задолжен Георги Марков.
No comments