Header Ads

(Фото) Емануела и Галин поскандални од секогаш во нивниот прв заеднички дует!

Сексапилната пејачка Емануела откако стана дел од музичката продуцентска куќа "Пайнер", успева секој пат да ги изненади своите фанови со нешто ново и провокативно.

Жешкото видео, кое беше објавено во официјалниот профил на нејзиниот колега Галин во Facebook, веднаш предизвика лавина од коментари. Во кадрите Емануела и Галин се во доста провокативна сцена, која ќе биде дел од нивниот прв заеднички дует за кој снимија и видеоспот.

Што ни имаат подготвено двата исполнители, останува да видиме до премиерата на песната која е закажана за неколку дена, но нема сомнение дека дуетот ќе биде вистински хит.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.