(Фото) Погледнете каде уживаат дел од бугарската естрaда!
Дел од бугарската музичка естрада, за кратко избега од
зимата на подалечните егозтични дестинации.
Ивелина Колева, во моментов ужива на Тајланд со свои
пријателки, додека пак нејзината колешка Глорија се одмора на остров Бали.
Имено, за Глорија изминатата година беше доста интензивна,
па сега е моментот да се оддаде на релаксација. "Островот на илјадата
храмови" сигурно е едно од најубавите места во светот, поради богата
историја, култура, скулптура и сликарство, прекрасните плажи, природата и
тропската клима. За радост на љубителите на женската убавина, на повеќето
фотографии таа позира по костим за капење и демонстрира совршено тело. Додека
пак, Илијан исто така се насладува веќе трета недела на својот одмор во Бали.
За разлика од Глорија, Ивелина Колева во моментов е на
архипелагот Пи Пи, кој се состои од шест острови, прошарани со убави плажи.
Морето врие од корални гребени ,со уникатен морски живот, а најпознатата плажа е
на архипелагот Maya Bay, бидејќи тука е снимен филмот "Плажата". Пејачката
може да ужива во овие прекрасни моменти
со чиста душа и срце, бидејќи пред патувањето успеа да сними две нови авторски
песни, со типичен добруджански звук кои ќе бидат претставени наскоро. Првата песна
е “Ума съм си загубил“, а втората се
вика “Разсърди се бяла Неда“. Композициите се по музика на Живко Желев и текст
на народната пејачка Полина Дакова.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments