(Видео) Галена стана мајка за втор пат, му посвети и песна на новородениот син!
17 фебруари е уште една многу посебна дата за бугарската пејачка Галена, на која која ќе се
сеќава секогаш со големо задоволство. На
тој ден нејзиното семејство се зголеми со уште еден член, со што малиот
Александар се појави на бел свет во Велико Трново (Бугарија), а истиот ден беше
и премиерата на нејзината најнова песна „Moro Mou“ посветена на новородениот
син.
Откако во новогодишната ноќ таа ни ја претстави песната
"Мина ми", пејачката овој пат одлучи најновиот музички проект да го
посвети на нејзиниот втор син. Песната носи наслов „Moro mou“(Моето бебе) и е
по музика и аранжман на Даниел Ганев. Возбудливиот текст на бугарски јазик е
дело на Анастасија Мавродиева, а на грчки - на Дони Василева. Режисер на видеото
е Георги Манов, кое е снимано додека Галена беше во напредната бременост.
Двата настани предизвикаа огромен интерес, со што видеото кое е качено
во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube, за само пет ден има над
1.200.000 прегледи, со што се позиционира на првото место, изместувајќи го од
врвот тоталниот хит на нејзината колешка Анелија „Дай ми още“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments