Header Ads

ДесиСлава со награда за „Попфолк хит на 2016 година“

Откако ДесиСлава се врати од Малдивите, каде што беше на егзотичен одмор со својот партнер Благој Најденов, целосно се посвети на сцената и публиката.

Пејачката започна  вистински музички маратон, проследен со серија на клубни настапи во соседна Бугарија. Имено, нејзините концерти, секогаш биле очекувани од страна на нејзините обожователи и предизвикале вистинска еуфорија.Богатиот нејзин репертоар ги вклучува најголемите нејзини попфолк хитови, бугарски фолклор, но и поп парчиња кои го прават секој нејзин концерт неповторлив.
Сосема неслучајно таа е носителка на многу награди во овој жанр, а најновата статуетка  што ќе ја додаде во  својата колекција е за "Попфолк хит на годината", за песната „И на всички като тебе“, спроведена во рамките на музичкиот сајт во Бугарија - Signal.bg.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.