Header Ads

Татијана Стефановска го претстави својот нов музички албум „Дарој свадбарски“

Татијана Стефановска е готова со својот најнов музички албум, кој носи наслов „Дарој свадбарски“. Талентираната млада пејачка го издаде својот нов албум, во соработка со издавачката куќа „Сенатор“ од Битола.

Албумот содржи вкупно осум песни, кои се дело на Дејан Момироски, Борче  Нечовски, Митко Бежаноски и Златко Миладиноски. Композициите една од друга се сосема различни, сѐ со цел да се задоволи вкусот на слушателите на новокомпонираната македонска народна музика.

„Нескромно, можам да кажам дека сите песни се со врвен квалитет и продукциски беспрекорно изработени. Токму тоа, е она што го барам во мојата музичка кариера – кавлитет! Задоволна сум од авторите, но и од самата себе, гледајќи како со текот на годините се надградувам, како во изведбата, така и во избирањето и на песните кои ги снимам“ – изјави Татијана за нас.

Потсетуваме, дека Татијана заедно со Џесика Палашоска и Спасен Силјаноски вчера одлетаа за Австралија, каде што ќе одржат седум концерти, дел од нивната австралиска турнеја.

Во прилог преслушајте го најновиот музички албум на Татијана Стефановска.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.