Header Ads

(Видео) Анелија со „Unutamam“ жнее успеси и во Турција


Анелија постигна огомен успех со нејзината најнова песна „Дай ми още“, со која успеа да се пласира на првото место во музичките топ листи, но и да стане најслушана песна низ бугарските клубови и дискотеки.
Уште подобра вест е дека песната е оценета и надвор од бугарските граници. Како што пренесува телевизија Планета, познатата приватна музичка телевизија во Турција - Viva која се гледа и во цела Европа и Русија, ја емитува песната во турскиот варијант „Unutamam“. Потсетуваме дека песната беше снимена во Истанбул, како и во познатиот турски дворец „Чиран“.

"Среќна сум што „Дай ми още“,  ја прифатија  одлично тука, а радоста ми е уште поголема кога гледам дека почнува да жнее успеси и во јужниот ни сосед. Таму пазарот е толку голем, што самиот факт дека радијата и телевизијата ме редат до пејачи како Таркан и Сердар Ортач, веќе ме прави горда како претставник на Бугарија. Благодарам на целиот тим кој стои зад проектот. Исто така големи  благодарности кон Тони Стораро за текстот на турски јазик и на другите мои пријатели со турско потекло, за помошта да научам како да изговарам правилно зборовите. Јас сум перфекционист и влегував неколку пати со ред во студиото на композиторот Даниел Ганев да ја презапишам песната. Само сакав да изпипам сѐ до последниот детал пред да ја понудам на публиката ", сподели  Анелија.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.