Елена Велевска со прв клубен настап во Бугарија оваа вечер!
Елена Велевска оваа вечер (1.02) ќе го направи својот
дебитантски настап, како дел од музичката продуцентска куќа „Пајнер“, на
клубната сцена на најпознатиот пловдиски клуб „Galaxy”.
Организаторите ветуваат една незаборавна ноќ со нашата
најголема музичка ѕвезда, исполнета со убава музика и многу балкански хитови, а
настапот нема да помине и без последното музичко парче на Елена - „Погледни ме за
край“, кое беше претставено во музичката програма на Планета Тв- „Нощта на
звездите“.
Потсетуваме дека Елена во ексклузивното интервју кое го
даде за нас, најави дека наскоро ќе биде претставен и видеоспотот за најновата
и песна, за кој вети дека ќе биде нешто досега невидено од неа.
Автор- Наташа Секуловска
No comments