Header Ads

(Видео) Цеца предизвика вистинска сензација со спотот за баладата "Nevinost"

Една од најголемите балкански музички ѕвезди СветланаРажнатовиќ – Цеца, вчера ги израдува своите многубројни обожователи со премиерата на нејзиниот најнов музички спот,  кој е кон баладата „Nevinost”, вклучена во  последниот музички албум „Autogram”.

Баш како и што најави пред извесно време, таа издвои неколку дена пред да започне повторно нејзината музичка турнеја за да сними нов видеоспот. Како режисер на видеото  се потпишува Toxic Entertainment, во соработка со нафтената компанија OMV.
За само еден ден, видеото во официјалниот канал на Цеца во YouTube, е прегледно повеќе од 1.000.000 пати, со што предизвика вистинска сензација позиционирајќи се на првото место за најслушана песна во Србија на YouTube, после мега хитот на Милица Павловиќ  - „Mogla sam.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.