Header Ads

(Фото) Преслава по четврти пат заблеска како фотомодел во модната колекција на Cliche!

На  20 јануари, ѕвездата на телевизија „Планета“ – Преслава прослави успешни 13 години на музичката сцена,  исполнети со многу труд, амбиција и упорност. Со годините нејзините песни успеа  да допрат до срцата и душите на милиони фанови, а многубројните концерти низ сите страни, се доказ за нејзината огромната харизма и талент.

Најголемото изненадување за пејачката по тој повод, беше специјално изработеното видео, со нејзините највпечатливи мигови од музичката кариера,  подготвено од екипата на нејзината официјална страница во Facebook.

Преслава, исто така  по четврти пат заблеска во улогата на фотомодел за бугарската модна линија Cliche Reborn 2017, за чија модна куќа веќе неколку години наназад е нивно заштитно лице. Во нивната најнова  колекција, ѕвездата на телевизија "Планета"демонстрира елеганција и стил, претставени низ фотографиите на Костадин Крстев-Коко.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Костадин Крстев - Коко

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.